На денешната седница Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за давање на согласност на два јавни оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.
Предмет на јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари преставува земјоделско земјиште со вкупна површина од 1.520ха 53ар 54м2 и тоа за следните региони во Република Македонија: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба, како и во регионите Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип со намена за:
подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,
подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
подигање на маслинарници за период до 50 години,
одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
ливади за период до 15 години,
за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
рибници до 20 години, и
спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.