На владина седница помина предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата. На ред е собраниската процедура.
Со него, се откочува процесот за полагање за негуватели и воспитувачи во градинките кој беше заглавен од октомври 2023 година.
Над 2.000 лица чекаат да се стекнат со ваква дозвола за работа во градинките.
Според ресорното министерство, причина за ваквиот хаосот е неажурноста и незаинтересираноста во изминатиот период. Не е водено грижа за пополнување на испразнетите места, па поради тоа има огромен недостаток од стручен и технички кадар во градинките.
извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.