Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска истакна дека во постапка се пресметките за раст на мартовските пензии.
Да, во постапка се. Веќе добиени се податоци од Завод за сатистика каде што точно по формула треба да се пресметаат. Започнати се и ќе се има согласно закон според формулата ќе се пресмета оној процент за нивната минимална пензија, за покачувањето, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.
На новинарско прашање колку би било покачувањето, техничкиот министер нагласи дека со конкретни бројки ќе излезат кога ќе заврпшат сите работи.
Во овој момент да не збориме за бројки. Конкретни да бидеме. Ќе излеземе со бројките. Да бидеме конкретни, да оставиме граѓаните да не шпекулираат меѓу себе колку и зошто, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.