Реномираниот медиум „Вашингтон пост“ известува дека македонската влада во вторникот го  објави проектот во соработка со инвеститорот за обновливи извори на енергија „Alcazar Energy Partners“ за изградба на најголемата ветроелектрана во земјата.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека проектот значително ќе ја зголеми енергетската независност и ќе поттикне странски инвестиции.

Ова ќе биде најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија која некогаш сме ја имале, рече Мицкоски.

Според „Вашингтон пост“, ветроелектраната, која ќе биде лоцирана во југоисточниот дел на земјата, ќе биде една од најголемите во Западниот Балкан, со капацитет за производство до 400 мегавати обновлива енергија.

Градежните работи се очекува да започнат на почетокот на 2026 година. Откако ќе стане оперативна, ветроелектраната се предвидува да произведува доволно енергија за снабдување на над 100.000 домаќинства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.