Вработените во Фондот за здравство утре ќе стапат во штрајк, при што ќе се стопираат речиси сите услуги освен оние итните. Оваа информација ја потврди и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа, каде што наведе дека иако е непопуларна мерка, веќе е донесена одлука за штрајк поради најавеното намалување на платите во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
ТВ 24 јави дека на шалтерите ќе работи едно само едно лице за прием на документи, како и дека ќе се даваат само неопходните и итни услуги за граѓаните, како пријава на малолетници за осигурување, регулирање на осигурувањето за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.
Според Трендафилов, штрајкот е непопуларна мерка кон која прибегнуваат работниците и синдикатите само во ситуација во која немаат излез, кога ќе бидат ставени до ѕид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.