Од утре, 29 март до втори април ќе се одржи Саемот на мебел во спортскиот центар „Борис Трајковски” во монтажни објекти и внатрешниот простор, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.
Посетителите ќе имаат можност да ја видат богатата понуда на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.
Саемот на мебел овозможува на едно место да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.