Утре ќе биде исплатена септемвриската пензија која ќе биде повисока за линеарен износ од 2.500 денари за сите пензионери. Пензионерите кои добиваа 20.000 денари месечно како пензија, ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така, они кои примале пензии во износ од 40.000 денари, сега ќе добиваат 42.500 денари месечно.

Директорот на фондот за ПИОМ, Никола Мемов, смета дека ако се задржел стариот модел со процентуална корекција на пензиите, зголемувањето би било незначително.

„Доколку сега се одеше со усогласување со таа иста методологија, согласно заводот за статистика, покачувањето ќе беше од само 4%. За минималната пензија, доколку имаше усогласување од 4%, зголемувањето на пензиите ќе беше за 528 денари, а за пензионерите што земаат 40 илјади денари, зголемувањето би било околу 1.600 денари“, вели Мемов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.