На Економско-социјалниот совет утре се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на минималната плата.
Очекувањата на Владата се дека минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува околу 20.000 денари.
Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.