Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори во дел од подружниците и друштвата во рамки на компанијата.
За директор на подружница ХЕС „Црн Дрим“ е назначен Гоце Божиновски, доктор по технички науки и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во подружницата. Горан Исков, дипломиран информатичар со работно искуство во ЈКП „Водовод“ Битола, е назначен за управител на ЕСМ Молика, а за управител на Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци е именуван Николче Котевски, кој работел во Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.