Самоил Ангеловски од Скопје е среќниот добитник  на големата наградна игра на УНИБанка АД Скопје “Со Mastercard на УНИБанка плати и стан фати!”

Станот е на супер атрактивна локација во Скопје на бул. Војводина и со површина од 49 м2.

Наградната игра предизвика голем интерес, поттикна голем број луѓе да извадат Mastercard картички од УНИБанка Скопје, и да ги согледаат бројните предности кои ги носат безготовинските плаќања, како во поглед на едноставноста и брзината на трансакциите, така и во поглед на сигурноста на самите плаќања со овие картички.

Добитникот беше извлечен по случаен избор со помош на компјутерска програма, а согласно претходно поставените услови за учество.

Извлекувањето беше реализирано на 27 Септември во Бизнис Центарот на УНИБанка во Скопје, во присуство на надлежен Нотар Анита Адамческа, претставник од Маркетинг агенција КИВИ – Андреа Стојановска и претставниците од УНИБанка:  Дејан Доксимовски – Директор на Дирекција Банкарство за население и Маја Јакимовска Наскова заменик-директор на Дирекција Картично Работење, кои се погрижија сè да биде регуларно.

Право за учество во наградната игра имаа сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18 годишна возраст на денот на извршување на првата трансакција), кои се корисници на картичките Mastercard Debit, Mastercard Standard и Mastercard Gold издадени од УНИБанка Скопје.

Посветеност кон клиентите, имплементирањето иновации во работењето, дигитализација, поддршка за своите корисници се работи по кои и понатаму ќе биде препознаена УНИБанка Скопје. Банката и во иднина ќе иницира активности и проекти  со кои ќе ја оправда довербата на своите клиенти, потврдувајќи им дека ја избрале вистинската банка.

УНИБанка им се заблагодарува на клиентите за укажаната доверба и ветува дека и понатаму ќе прави напори да ја награди нивната лојалност, а на добитникот му честита и му посакува многу среќни моменти во новиот стан!

Комерцијален текст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.