Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжи средбите со бизнис заедницата. Во организација на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) работни средби се одржаа во Струга и Тетово со бизнис заедницата од полошкиот регион.
На средбите претставниците од Управата за јавни приходи го истакнаа значењето на доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници, разговараа за одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход како и за начинот на пријавување на приходите преку системот е-Даночни услуги.
Компаниите-членки на СКСЗМ се интересираа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба.
Присутните адресираа и некои неизвесности што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности. Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите и податоците со другите институции кои се меѓусебно поврзани, посочија за значителен број на нелегални трговци кои работат на пазарот во земјава кои немаат регистрирана дејност и предизвикуваат голема штета на формалните компании, а исто така побараа вакви средби да се одржуваат поредовно.
Мухедин Авдиќ – раководител на сектор за даноци и услуги на даночни обврзници од Управата за јавни приходи истакна дека веќе се работи на развој на даночен информациски систем кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран, посочи дека даночни контроли се спроведуваат постојано согласно планот за контроли како и по претставки и дојави но и координирано со други институции.
Потпретседателот на СКСЗМ г-дин Јетон Асани и извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздравија оваа иницијатива на Управата за јавни приходи, и ја оценија како исклучително важна заради продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст.
На средбите сите се согласија да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои ги среќаваат на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.