Поминаа 7 тешки години, понижувања на трудот и маката на чесниот македонски земјоделец.Свртуваме нов лист. Земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата, вели Цветан Трипуновски.

Јас сум земјоделски инжинер, потекнувам од земјоделска фамилија, раководев со земјоделски ресори и работев во МЗШВ долги години. Нема село во државата кое не го знам, не сум го посетил или каде немам решено некој проблем. Тоа така и ќе продолжи да биде. Драги земјоделци знаете дека сум еден од вас, ваша тврдина и ваш најголем пријател.

Следуваат години на развој на земјоделието. Инвестиции во откупни центри и преработувачки капацитети. Доаѓа време кога сите вие ќе биде среќни, затоа што вашиот труд ќе се исплати.

Време е за насмевка на лицата на земјоделците. Време е за подобро утре. Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.