Во услови кога имаме сериозен пад на сточарството, ниска откупна цена на јагнето, намалениот фонд на свињи заради свинската чума, зголемените цени кои ги плаќаат граѓаните, увозната зависност од храна, доколку Николовски во улога на Министер навистина се грижеше за сточарите одгледувачи на говеда, свињи, овци, кози, живина немаше да дозволи на Влада да помине Одлука со која се дозволува да се изврши продажба на Јачмен за сточна храна од стоковните резерви во количина од 8.250 тони во неделива постапка одн. целата количина може да ја купи само еден понудувач т.е моќник близок до власта, на која неможат да учествуваат сточарите пред се поради фактот што поединечно немаат потреба од таа количина, а второ се работи за сериозна сума од 187.275.000 денари која може да ја плати само фирма која потоа би го препродавала јачменот на сточарите и би остварила профит на нивни грб, објави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој предлага:

-Министерот за земјоделство ВЕДНАШ да и предложи на Владата да се стопира огласот за продажба на Јачменот‼️

По предлог на Министерот за земјоделство, Владата да донесе нова одлука за продажба на јачменот за сточна храна по следниве услови, како би можеле сите заинтересирани сточари да купат јачмен кој би го искористиле во овие тешки моменти за сточарството:
– Цена 10 денари за килограм јачмен
– Продажбата да биде деллива на лотови од по најмалку 50 тони, стои во објавата на Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.