Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, присуствуваше на манифестацијата „Празијада“ во селото Градошорци, кое е најголем производител на праз во државата

Како што стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски истакнал дека земјава изобилува со квалитетни земјоделски производи, поради доволниот број на сончеви денови, богатата почва и чистата вода.

Манифестацијата „Празијада“ е доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи, бидејќи ова парче земја ни нуди доволно сончеви денови, богата почва и чиста вода за да произведуваме. Градошорци е село кое е најголем производител на праз во државата. Преку овој настан се согледува и огромното значење за општина Василево, општината ги промовира карактеристиките и својствата на празот како здрав зеленчук, го доближува до граѓаните истовремено, посочил Трипуновски.

Тој вели дека промоцијата на празот овозможува на едно место да се соберат производителите, но и сите трговци, за заедно да најдат нови пазари за пласман на празот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи и во иднина да поддржува вакви настани зашто преку нив се промовира локалниот туризам и производите кои се автентични за одредени делови на земјата, истакнал Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.