Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче.

Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, изјави Трипуновски.

Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов.

Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.