Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук пишува дека интервентниот фонд со кој се фали власта се предвиде по амандман на ВМРО-ДПМНЕ.
-Празни прес конференции, популизам и лична промоција!
Почитувани елитисти од власта, сите економски показатели ве демантираат во секој поглед. Земјоделците и Македонскиот аграр го допреа дното а државата стана увозно зависна од храна.
Уште еднаш во интерес на вистината интервентниот фонд го немавте предложено во предлог буџетот и на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандмански стана составен дел од буџетот.
Ако навистина сакавте да им помогнете на земјоделците и државата требаше до сега да го распределите слободното државни земјоделско земјиште за да се стигне за пролетната сеидба за да произведеме доволно храна, и под итно да ги исплатите субвенциите во целост за сите земјоделци!, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.