Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски денес е во работна посета на Пробиштип каде што го посети хидросистемот Злетовица и оствари средба со повеќе земјоделци и сточари од овој регион.
ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја изгради првата фаза на овој хидросистем којшто практично значи вода за пиење на преку 100.000 жители во регионот, но Владата на СДС и ДУИ не успеа да ја изгради втората фаза иако ВМРО-ДПМНЕ им остави изработена проектна документација. Оваа втора фаза којашто не е изградена треба да обезбеди вода за наводнување за над 3500 ха земјоделска површина од овој регион, изјави Трипуновски.
Трипуновски потсети дека голем дел од земјоделското земјиште се пренаменува за поставување на фотоволтаици, а истиот пример го има и во регионот на Пробиштип каде што преку 300 ха се пренаменети за изградба на фотоволтаици, а не и за земјоделско производство.
После 8ми мај доаѓаат сериозни инвестиции во делот на водостопанството, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира и втората и третата фаза од овој хидросистем, заврши Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.