Безуспешни се обидите на Трајан Димковски и СДС да го одвлечат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат земјоделците откако СДС е на власт напиша на Фејсбук, Цветан Трипуновски.
Имено, мерката „зелена нафта“ е крајно неефикасна и популистичка мерка бидејќи на земјоделците им се нуди смешна дури и навредлива сума која не значи никаква помош.
Дополнително на ова, јас во неколку наврати остро реагирав дека владата на СДС подели само 55.000 картички за зелена нафта, додека во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци, поддршката треба да биде за сите категории на земјоделци во кои ќе влезат и сточарите и тутунарите.
Доколку навистина сакаа СДС да им помогнат на земјоделците, тогаш ќе поделеа картички на сите земјоделци, и ќе го прифатеа барањето на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати, како и да се даде потребната количина на зелена нафта на сите земјоделци.
Во однос на исплатените субвенции за млеко, Димковски и СДС мора да сфатат дека субвенциите ги воведе Владата на ВМРО- ДПМНЕ и тие се обврска на секоја следна влада кон земјоделците, а не работа со која треба да се фалат за добивање на политички поени.
Имено, за тоа дека земјоделието со СДС тоне се доказ и изминатите протестите на земјоделците од сите краишта на државата.
Владата и СДС се неспособни и не ги решаваат проблемите на земјоделците, напротив тие ги создаваат.
Ова мора да заврши, напиша Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.