Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со единаесетата седница на Економско социјалниот совет.
На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, членови на претставници на синдикатите, членови на претставници на работодавачите и претставници на институциите.
Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит кон прерано починатиот, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на Синдикати на Република Македонија.
На седницата од страна на претставниците на Владата беше презентиранa Методологија за пораст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година односно зголемување на платите во период од 2.5 години.
По конструктивна дискусија помеѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2.5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите.
Социјалните партнери се согласија за продолжување на седницата на Економско социјалниот совет во понеделник, на која што ќе се разгледуваат новите понудени предлози за пресметка на платата на вработените во јавниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.