Од вчера попладне ТЕЦ „Осломеј“ е вклучен на мрежа и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем, информираат денеска од АД Електрани на Македонија (ЕСМ).

Оттаму додаваат дека во изминатиот период во термоелектраната се вршеле неопходните ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои, како што додаваат од ЕСМ, се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта.

Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42 години“, соопштија од АД Електрани на Македонија.

Застојот во производството на ТЕЦ Осломеј се искористил и за санирање на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.