Свесно и со знаење на Министерството за земјоделство се трујат корисниците на тутун, со што се постапува спротивно на политиките на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација во која и нашата држава е член од 2006 година, укажуваат од Социјалистичката партија на Македонија.
Од партијата претходно објавија дека Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 февруари 2024 година, укинат со Одлука на Уставниот суд, а до денес не е донесен нов или 15 дена МЗШВ и Директорот на Државниот Инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон.
Оттука отворено се наметнува прашањето, кој врши контрола на присуство на кадмиум, жива, арсен, хром, олово, никел предвидени со поблизок пропис, но и резидиуми од активни супстанции?
Молкот на Николовски како непосреден виновник зборува многу. Одговорност за овој, како и за низата други злоупотреби во секторот за земјоделство, набрзо ќе има, нагласуваат од Социјалистичка партија на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.