Им се заканува ли „струен удар“ на комуналните претпријатија во земјава? Дел од нив веќе се исклучени од струја поради неплатени сметки. Другите не се сигурни уште колку ќе можат да издржат со оглед на тоа што сметките за струја неколкукратно им се зголемени од декември лани, а ги чекаат и многу повисоки сметки до крајот на годината, бидејќи струјата ја купуваат на отворен пазар по берзански цени,aнализира „Плусинфо“. Скоро сите велат дека не се сигурни дека во вакви услови ќе можат да обезбедат вода за пиење и чиста канализациска мрежа и нормално да работат. Во моментов не размислуваат за отпуштање вработени, но не се сигурни дека ќе можат да исплатат плати.

Комуналните претпријатија очекуваат рекција од владата по неколкуте нивни барања за подобрување на состојбата, бидејќи општините немаат буџети да им помогнат.

Голем број претпријатија се во тешка состојба поради неможноста да ги платат доспеаните обврски за електрична енергија и во некои од нив веќе дојде до исклучување, со што директно се загрозува давањето на услугите, потврдуваат за „Плусинфо“ од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).

Според ова здружение, најголемиот дел од јавните комунални претпријатија, кои имаат голема потрошувачка на електрична енергија, моментно се во мошне тешка положба и не можат да ги покријат оперативните трошоци со приходите кои ги остваруваат.

Тоа значи дека тие нема да можат да ги сервисираат своите обврски, што директно ќе се одрази врз непрекинатоста и квалитетот на давањето на комуналните услуги, велат од АДКОМ.

Комунални претпријатија веќе пресметале дека до почетокот на зимата поголемиот дел од нив ќе треба да го потрошат целиот буџет само за да ги платат сметките за струја.

Оваа состојба ќе стане се поизразена до почетокот на зимата. Според некои пресметки учеството на трошоците за струја, во зависност од претпријатијата, во минатиот период се движи од 20 до 25 отсто. Со сегашните поскапувања, трошоците за струја ќе се зголемат повеќекратно, а во некои претпријатија може да се движат од 60 до 90 отсто од буџетот со кој располагаат, укажуваат од АДКОМ.

Целата сторија на „Плусинфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.