Вицепремиерот Иван Стоилковиќ го даде своето прво интервју за српската Прва ТВ откако стапи на новата функција од кабинетот во Министерството за односи со заедниците. Во разговорот рече дека е прв министер Србин во една македонска влада од 1944 и дека не е човек на Владимир Путин, како што некои кругови тоа го тврдат во Македонија.

Јас сум Србин. Како може да бидем нечии човек? Јас цел живот сум се посветил да му служам на сопствениот народ во Македонија. Се борам за нивните права но сакам да бидам и лојален граѓанин на Македонија, вели новиот министер за односи со заедниците.

Вели дека прва активност што ќе ја направи е да го ангажира институтот за социолошко правни работи да направи студија за односите на националните заедници,а рече дека во неговиот делокруг на работење ќе има и економски активности.

Ќе работам на продолжување на изградбата на брзата пруга од македонската граница до Солун. Тоа е голема работа. Идејата е да ги собереме сите добри српски искуства кои ѝ се неопходни на Македонија. Неопходен ни е и Отворен Балкан. Тој е од голем интерес за македонската економија. Во таа смисла морам да му се заблагодарам на српскиот претседател Александар Вучиќ кој препозна дека тоа што јас го работам, што го работат Србите во Македонија е позитивно, како за Србите, така и за регионалната соработка, истакна Стоилковиќ во интервјуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.