Откако беше исклучен од мрежа Блок 3 заради дефект на цевка во котелот, во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола. Постројката вчера беше синхронизирана со електроенергетскиот систем во 15:55 часот, соопштија од ЕСМ.

„Подготвен за работа е и Блок 1 на РЕК Битола. Ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите на електрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија.

АД ЕСМ овој период ги задоволува потребите од електрична енергија на потрошувачите од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои му овозможуваат на компанијата намалување на трошоците на работа. За потсетување, од 9 ноември до 16 декември 2023 година и од 1 февруари до 24 февруари годинава, РЕК Битола работеше со сиот свој капацитет, со сите три блока на мрежа.

АД ЕСМ и во иднина ќе ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за потрошувачи врз основа на анализите што секојдневно се прават за расположливоста на сопствените производствени капацитети, побарувачката на струја, како и околностите на пазарот со електрична енергија“ стои во соопштението на ЕСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.