Владата сериозно да го разгледа и да го осуди условувањето на компаниите кои вчера се заканија дека ќе отпуштат од 30 до 50 проценти од работниците поради зголемените трошоци кои ќе ги имале, велат од Сојузот на Синдикати на Македонија.

Фирмите треба да се одговорни, бидејќи Владата во време на Корона кризата ги помагаше бизнисите кои со парите на граѓаните се одржаа стабилни на пазарот, а исто така голем дел од нив ја злоупотребија паричната помош од Владата и наместо парите кај работниците завршија во нивните џебови, а обвинителството и институциите сеуште молчат.

Ваквата јавна закана ќе донесе социјален немир и ќе ја загрози веќе кревката социјална состојба на работниците и воедно на граѓаните во државава.

Од тие причини бараме Владата да ја осуди и итно да преземе мерки во насока на спречување на ваквите условувања и да најде начин, законски да ги заштити вработените во приватниот сектор, посебно сега во ваква економска криза, особено поради тоа што бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направија милионски добивки додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот, истакнуваат од ССМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.