Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја поздравува поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата, но и дека ќе бара почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места како и примена на членот 8 од Законот за минималната плата.
Потсетуваме дека ССМ уште во декември 2021 година испрати допис до политичката партија со цел да ги слушнат барањата и потребите на работниците за зголемувањето на минималната плата, а работниците очекуваа дека и предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати доставен до пратениците во Собранието досега ќе беше поддржан се во интерес на работниците, наведуваат од ССМ.
Воедно, потсетуваат дека согласно членот 8 од Законот за минималната плата, онаму каде што има градоначалници од нивната партија веднаш можат да пристапат кон зголемување на платите на работниците кои работат во комуналните претпријатија, јавните претпријатија кои се под локалнатите самоуправи и Градот Скопје, вработените во Општините, против пожарната служба, основните училишта и др.
Работниците очекуваат како од централната така и од локалната власт не само да се залага декларативно, туку и преку конкретни чекори да ја зголеми платата на работниците согласно Законите и колективните договори. Очекуваме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да ги охрабри градоначалниците од неговата партија веднаш да постапат по закон и колективен договор и да ги зголемат платите на вработените и да бидат пример за како треба и останатите, скалесто да ги зголемат платите согласно порастот на минималната плата, велат од ССМ.
Додаваат дека работниците од претставниците на народот и политичарите очекуваат нивните ветувања да ги исполнат веднаш, а во спротивно бараат од ССМ да ги интензивира своите активности и на локално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.