Сојузот на синдикати на Македонија објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикалните одбори донеле едногласна одлука за организирање различни форми на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари.
Ќе се блокираат фабрики, институции и патишта, велат од ССМ.
Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и симдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари.
За следната недела е најавено продолжување на закочените преговори со Владата и работодавачите, откако вчера работодавачите побараа државна помош за исплата на евентуалната зголемена минимална плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.