Под мотото „Споделете ја вашата винска страст“, на 25. и 26 ноември, ќе се одржи шестото издание на Скопскиот вински салон – Винодонија.

Салонот ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје, а како што соопштуваат организаторите, влезниците за Винодонија 2022 ќе бидат во ограничен број. Ќе може да се купат однапред електронски, на линк што ќе биде објавен дополнително.

Мал дел од влезниците ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, по цена од 500 денари за секој ден посебно.

Време е за ново, возбудливо шесто издание на Винодонија 2022. Во денови на пријатна сончева есен и завршена уште една успешна берба, радосно објавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на нашиот заеднички омилен настан во Македонија на кој се слави виното и неговата магија.

 

Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби.

 

Винодонија продолжува да расте во елегантен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет.

 

И овој пат, дојдете на шестата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст!, порачуваат организаторите на Скопскиот вински салон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.