Побарувачката за инвестициски златни прачки и монети бележи раст во светски рамки. Банки, компании, индивидуалци инвестираат во инвестициско злато како најисплатлива и најсигурна инвестиција. Тоа е во моментов инвестиција која e отпорна на инфлација, на девалвација, на било какви кризи и тековни случувања.
Благодарение на УНИБанка и граѓаните и деловните субјекти во земјава можат да купат златни плочки и монети со највисока чистота и да ја осигураат својата финансиска иднина.
Без разлика дали станува збор за лица кои се во потрага по најсигурна и најисплатлива инвестиција, или само сакаат да имаат диверзификувано портфолио, независно дали се професионални трговци со злато, или пак лица кои имаат страст за историјата, пасионирани нумизматичари, УНИБанка нуди можност за купување инвестицискo злато.
Единствено во оваа наша реномирана финансиска институција која со право го носи епитетот “the bank of gold” може да се купат златни плочки со чистота од 999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од 900/1000 (22 карати) и монети со уште поголема чистота.
Златни монети кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои се исковани по 1800 година, и кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства. Како на пример Американскиот Орел (American Eagle), Австрискиот Дукат (Ducat) и Виенската Филхармонија (Vienna Philharmonic), Канадскиот јаворов лист (Maple Leaf), Британската Britannia Gold и други.
Најново во понудата се 20-те швајцарски франци – Vrenelli кои се произведувале во периодот од 1897-1949 година, 20-те белгиски франци – Leopold II (1876-1882), 100-те австриски круни Franz Josef I (1908-1915), 20-те француски франци Louis Philippe I (1830-1848) и други кои носат со себе извонредна вредност заради историската и културната вредност од регионите од кои потекнуваат.
Интересен е податокот дека златната монета од 100 австриски корони е со тежина и чистота кои се загарантирани од австриската суверена влада и со оглед на тоа што содржат 1,08 тројски унци достигнуваат висока сума на пазарот на благородни метали.
Вредноста на инвестициското злато е уште поголема бидејќи тоа многу брзо може да се продаде (секогаш е барано), може да се употреби како залог за кредит, или едноставно да се зачува како највредно наследство за поколенијата. Ослободени се и од ДДВ! Овие уникатни стари монети даваат чувство на патување низ времето и историјата и чувство за тоа како тој свет можеби изгледал пред неколку векови.
УНИБанка инвестициското злато го набавува од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато. Набавката се одвива преку овластени дилери за тргување со благородни метали на платформи за тргување со инвестициско злато по моментално котирани берзански цени.
Уште еднаш во современата историја на човештвото златото ја потврдува својата улога како антитеза на стравот. Глобалната неизвесност, енергетската криза, војната во Украина уште еднаш ја истакнаа функцијата на златото како спас, пристаниште за инвеститорите во сериозни кризни ситуации.
УНИБанка како единствен дилер на монети од златни шипки, нуди монети по високо конкурентни цени, а нуди и можност истите да ги чува за своите клиенти. Контакт-веб страницата на банката: www.unibank.mk.
Комерцијален текст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.