Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра.

Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.

Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.

Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.

Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.

Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.