Со добар менаџмент Македонија нема да има потреба од увоз на струја и цената на парното нема да се зголемува.

Со целосна искористеност на енергетските капацитети, што подразбира активност на трите блока во РЕК Битола и активен РЕК Осломеј, како и ТЕЦ Неготино и ТЕ ТО, надоврзувајќи ги на тоа и хидропотенцијалите Македонија ќе биде во состојба сама да ги задоволи потребите за струја.Ако на сето тоа се додадат и Ветерниот парк и соларните централи, можен е и мал извоз, уверуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопјани нема да имаат проблем ниту со скапо парно, ниту со поскапување на услугите затоплување доколку се набави ефтин гас.

Со ниска цена на гасот, ќе се обезбеди сигурно греење за скопјани, како и нормално функционирање на ТЕ ТО, која ќе произведува струја за стопанството.

Власта да покаже разум. И да ги стави државните интереси пред се.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.