„Да бидеме начисто никој не е против зголемување на платите. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните“, изјави за „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.

Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.

„Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот“, истакна Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.