Синдикатот за транспорт и врски силно го поддржува генералниот штрајк на СОНК и му посакува истрајност во борбата за остварување на барањата.
-Сосема е легитимно еден синдикат да го искаже револтот со прекин на работата на неговите членови, особено кога четири години по ред Владата нема слух за барањата коишто во многу наврати ги посочи. Недозволиво е професионалци кои задолжени за образување и воспитување на нашите деца да бидат незадоволни и демотивирани од неисполнувањето на законските обврски од страна на Владата. Исто така, недозволиво е носителите на дејност како наставниците, професорите воспитувачите и негувателките да земаат исти плати со останатите вработени. Мора да напоменеме дека и останатиот кадар е еднакво важен за функционирањето на установата, велат од СТВ.
Тие апелираат СОНК заедно со членството да бидат истрајни и да не се колебаат за да ги остварат нивните барања, а на родителите им порачуваат да искажат солидарност и да ги разберат проблемите со коишто се соочуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.