Независниот синдикат на одбраната и Синдикатот за угостителство и туризам даваат безрезервна поддршка на протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати најавен за 30 март.
Во денешните соопштенија од двата синдиката се наведува дека го поддржуваат зголемувањето на минималната плата, но оти е потребно и усогласување на останатите плати со минималната.
Вработените во јавната администрација треба да ги добијат правата коишто им следуваат согласно законите и колективните договори и истите треба да бидат дел од социјалниот дијалог во државата. Зголемувањето на минималната плата го поддржавме и како грански синдикат и како Конфедерација. Сепак со истото не се решија проблемите со усогласувањето на колективните договори со растот на минималната плата, како што и впрочем Законот за минимална предвидува. Порамнувањето на платите единствено може да создаде демотивација кај вработените во јавната администрација, чиј што дел е и Армијата, се наведува во соопштението од Независниот синдикат на одбраната.
Решението на проблемот, според двата синдиката, е зголемување на бодот за вработените во јавниот сектор.
Доколку работници со различна сложеност на работните задачи земаат исти плати, мотивацијата за извршување на работните задачи значително ќе се намали, со што ќе се намали и нивната продуктивност, а земајќи ја во предвид јавната администрација, тоа може лошо да се одрази на самата држава и граѓаните. Решението на проблемот е многу лесно и тоа се состои само од зголемување на бодот од страна на Владата, истакнува Синдикатот за угостителство и туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.