Орце Симов од Сојузот на стопански комори (ССК) апелира за помош за фирмите во Македонија поради тоа што се жалат на високите сметки за струја.

Компаниите плаќаат неколкукратно поголеми цени во однос на претходните месеци. Тие што плаќаа по милион денари во јуни, сега плаќаат по 2,3 по 4 милион денари. Компаниите сега што плаќаат милион денари, до лани плаќале по 100.000 денари за струја. Ликвидноста и стабилноста на компаниите е доведена во прашање поради високата набавка на енергенси, инфлација и други негативни фактори што се на пазарот, рече Симов во дебатната емисија „24 анализа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.