Во тек на два дена, 25. и 26 ноември, Винскиот салон – Винодонија ќе понуди елегантна атмосфера за промоција на винската култура во Македонија и одлична можност, особено за домашните помали, семејни винарии, да добијат шанса да се претстават пред винските љубители, еднаква со таа што ќе ја имаат големите вински брендови.
Посетителите на Винодонија ќе може да пробаат и да се запознаат со свежи берби од понудените вински етикети, а истовремено, концептот на ова случување предвидува директен контакт со луѓето коишто стојат зад секоја винска приказна (сопственик на винарија, менаџер, главен енолог) кои ќе ги споделат и објаснат сите чекори низ кои поминува процесот за добивање на крајниот вински производ.
Дегустацијата на вината ќе биде проследена и со елегантна салонска музика, а ќе има и настап во живо на познати македонски џез музичари.
Уживањето во виното ќе биде придружено и со посебен гастро дел, во кој ќе бидат содржани стандардни мезиња за ваков вид настани, но и специјалитети направени од тартуфи, домашно чоколадо и други премиум гастро изненадувања.
Во рамки на Винскиот салон, ден претходно, односно на 24 ноември, ќе бидат одржани и неолку работилници и предавања на кои своите искуства ќе ги споделат истакнати професори од Земјоделски факултет, регионални и енолози од самите македфонски винарии, како и гости од странство.
Винскиот салон – Винодонија, ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје, а влезниците ќе бидат во ограничен број со цена од по 500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.