Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25 и 26 ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници винотои винската култура.

„Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат – рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура, велат организаторите.

„Винодонија“ е настан на кој поситетилети ќе имаат можност да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино.

Винскиот салон ќе понуди и едукативен пристап кон виното. За два дена ќе се случат пет работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците:
„Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.

Гостите што ќе присуствуваат на овој „вински викенд“ ќе имаат можност да добијат вински информации директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија.

Виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна, па така, „Винодонија“, во рамките на салонот, ќе понуди можност да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија.

Уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.