Колку е успешна една влада се гледа преку инфраструктурата. Во некои други ресори може да се вадат, но во инфраструктурата е едноставно или е направено или не е направено. Оваа влада инфраструктурата ја направија траги-комедија. Почнаа со оро и не направија ништо ново освен задолжувања, изјави Синиша Ивановски, претседател на Комисија за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина „Политики за развој на инфраструктурата“ во Делчево.

– Шеста година се прави автопат Скопје-Блаце од 12 километри, поделен на 2 километри кај селото Блаце до сама граница и други 10 километри. Почнаа со тие 2 и прекина, а причината е неверојатна, на трасата се формирале новоформирани гробишта и индустриски објекти кои овие не ги виделе. Да прошетале на тие 12 километри ќе ги виделе. Да не зборувам дека сумата скокна на 30 милиони од 12 претходно. Оние 10 километри шеста година ги проектираат. Само зголемија цена на чинење, Артан Груби цело време на телевизија, а државата има само зијан од неговото појавување, рече Ивановски.

Тој посочи дека Кичево – Охрид, при примопредавање на власта имаше прогрес од околу 51%, а по 6 години сега вкупниот прогрес е околу 67%, значи не е мрднато.

– Ако 9 години го поделиме на денови, испаѓа дека дневно има само 12 метри реализација, а во договорот стои дека ќе имаат ангажирано 268 машини, секојдневно на терен и 690 работници, а во последниве години секој поминал на кај Охрид, ама не сме виделе повеќе од 5 машини и 15 работници. А цената ја зголемија уште 200 милиони евра. Одговори каде одат парите е има кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна Ивановски.

Ивановски спомена и дека Гостивар- Кичево е нов автопат кој почна проектирање пред 6-7 години и уште се проектира, само склучуваат анекси и продолжуваат рокови.

– Оваа власт на СДС не започна иницијативно ниеден километар автопат, не проектираат и не обезбедуваат финансии. Инфраструктурата е во застој. Бочварски се возеше по возови сега никаде го нема. Знае дека донесе штета, рече Ивановски.

Во врска со железниците Ивановски посочи дека Бочварски бега додека сите синдикати бараат прием бидејќи доцнат плати.

– Пред 150 години имало редовна линија Скопје – Солун, денеска веќе петта година со нивното владеење, ја укинаа оваа линија, ја укинаа линијата Скопје- Белград и веќе сме изолирани. До Кочани, до Кичево нема воз, нема сега воз и до Куманово, единствено остана возовите до Велес, Битола и Гевгелија и одат со 20 километри на час.

Претходно прва посериозна инвестиција беше во ВМРО-ДППМНЕ кога се купија возови кои оваа влада ниту ги одржува ниту знае како да ги одржува, а во меѓувреме Србија има воз кој оди 200 километри на час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.