За да постигнеме економски раст и развој на наредниот период на Република Македонија, прво е потребно санација на катастрофалната состојба во која што СДС и ДУИ ќе ја остават државата, а потоа и да ја стабилизираме економијата, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на денешната трибина насловена Развојни политики за стабилна економија во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Славески истакна дека стабилизација на економијата претставува справување со инфлацијата.
Стабилизацијата на економијата претпоставува борба со инфлацијата. Но, основен предуслов и предизвик во овие моменти за народна власт е да се зачува економската самостојност на државата, додаде тој.
Славески потенцираше дека Македонија е на пат да го изгуби економскиот самостојност со контроверзниот и коруптивен проект со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д, бидејќи најавиле нешто за кое не само што немаат проект тоа како ќе изгледа, туку немаат ниту обезбедени средства, укажувајќи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ кога започнала со изградба на делницата Демир Капија Смоквица во 2006 година прво обезбедила средства од Европската Инвестициона банка.
Сега сме на пат да ја изгубиме економската самостојност. Директно ќе кажам дека станува збор за контроверзниот и коруптивен проект со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д. Без преседан е да започнете да трошите милион евра, не само што нема проект, туку ова е прв пат да влезете во една огромна инвестиција без обезбедени финансиски средства. Јас се сеќавам на годините 2006, 2007 година кога единственото парче од коридорот 10д, автопатот Е 75, делницата Демир Капија – Смоквица требаше да се изгради, се дека не обезбедивме поволни средства од Европската Инвестициска Банка и исто толку грант не тргнавме во изградба на таа делница. Сите автопати во државата се градени со обезбедени средства од ЕУ, особено коридорите, затоа што тоа се и европски патишта. Овде не само што не побарана поддршка, туку ние сме на пат и да се контрираме со ЕУ. И првите знаци на незадоволство од нивна страна за ова веќе стигнува, нагласи тој.
Како што тргнал работите може ова време следната година ќе нема средства да им се исплаќа на бескрупулозните изведувачи, проектот некаде ќе зариба, нешто ќе се изгради ќе видиме што, но како понатаму ќе треба да мислиме ние со ре преговараме и поставување на една здрава основа, заклучи Славески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.