Денеска се објави првиот проспект за граѓанска обврзница. Една граѓанска обврзница е 10.000 денари, а каматната стапка е 5 проценти.

Покрај тоа што од пласирањето на пари во граѓанска обврзница ќе имаат корист граѓаните, корист ќе има и економијата. Парите ќе се користат за буџетски потреби, за развојни цели, за инвестициски проекти. Со тоа граѓаните ќе ја поддржуваат економската активност во земјата и ќе поттикнуваат и инвестициони активности – најави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој потенцираше дека многу важно е и што ќе се мобилизира готовината.

Една од целите за издавање на граѓанската обврзница е граѓаните да ги вложат парите што ги имаат во готовина – потенцираше Ковачевски.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, конкретно објасни колку пари ќе им донесе на граѓаните влогот во граѓанска обврзница.

Денес е објавен проспектот, веќе граѓаните покажуваат интерес и веројатно веќе некои вложуваат во нив. Ова е нов момент за финансиите во Македонија. Граѓаните за прв пат може да купуваа обврзници, да инвестираат во развој на земјата, да имаат сигурна инвестиција, и влогот да им биде сигурен. Ова е начин и на заштита на пари од инфлација. Имаме двегодишни обврзници со купонската камата е 5 проценти. Тоа значи дека ако некој купи 10 обврзници за 100.000 денари, на 20 јули 2024 година ќе добие 5.000 денари, на 20 јули 2025 години пак 5.000 денари, или за две години 10.000 денари. Ако во меѓувреме му требаат пари , може да ги продаде обврзниците – објасни Бесими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.