Од СДСМ обвинуваат дека владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат.

Според нив, цените не се намалија.

„Само еден вид на леб е со намалена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени. Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување.

Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немата никаков бенефит.

Живеачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите.

Овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари.

Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок“, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.