Од март 80.000 работници ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е зголемување за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесувала 8.800 денари. Новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, соопшти на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.
Таа информира дека според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа, како што рече, значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати.
Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари, рече Николова.
За седум години, како што посочи, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, со што се покажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.