Теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“, продолжија денеска на средби со граѓаните на општините Радовиш, Гевгелија и Долнени.

Меѓу граѓаните на Радовиш беше членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, кој заедно со Фарук Омери, се осврна на инвестициите во инфраструктурните проекти, со кои се гради патот кон Европска Македонија.

Го сменивме ликот на Истокот, од заборавен и запоставен регион, создадовме регион со најдобро сообраќајно поврзување. Речиси и да нема патен правец во овој дел од државата, кој не сме го рехабилитирале. Само во 2022 година пуштивме во употреба два нови експресни патни правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани, тука се и изградениот автопат Скопје-Штип, модерната делница од експресниот пат Штип-Крупиште, обиколницата на Кочани, рехабилитираните патишта низ Делчево, низ Берово, рече Бочварски, додавајќи дека во Радовиш е обновен патот, кон планината Плачковица, се рехабилитира регионалниот пат до Воиславци.

Бочварски нагласи дека за СДСМ изградбата и модернизацијата на инфраструктурата останува приоритет број еден, започна најголемиот инфраструктурен проект во државата, изградбата на коридорите 8 и 10Д, кои носат бројни придобивки за државата и граѓаните, од поврзување со исток и запад, до 650 милиони евра за домашните компании и раст на БДП од два отсто годишно.

За успешните земјоделски политики, во Гевгелија, со граѓаните разговараа Гоце Георгиевски и Дарио Николовски, кои нагласија дека големите вложувања во овој сектор имаат за цел да создаат модерно и конкурентно земјоделско производство, мотивирани земјоделци и многу повеќе домашна храна и производи за извоз.

Со новата ИПАРД 3 програма, имаме на располагање неповратни 97 милиони евра од ЕУ, што е зголемување од над 60%. Со новиот систем на субвенции, земјоделците имаат авансна исплата, за да ги имаат парите тогаш кога им се најпотребни, рече Герогиевски.

Рамо до рамо со граѓаните на Долнени беа Борис Тунџев и Боро Еркечов, кои се осврнаа на континуираната грижа на СДСМ за граѓаните и за унапредување на нивниот стандард.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.