Пакетот на владата предводена од СДСМ од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра веднаш почна да дава ефекти, велат од партијата.
Додаваат дека како резултат на мерката за намалување на ДДВ и акцизата намалени се малопродажните цени на горивата.
Со ефикасност во реализацијата на антикризните мерки цената на бензинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. СДСМ како одговорна партија во време на глобална економска и енергетска криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.