Во соопштение до медиумите, од СДСМ утрово потенцираат дека ќе платат 80% од сметката за струја на 650.000 домаќинства.

„Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима.
Донесена е одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа.

Тоа значи дека во текот на целата зима, образовниот процес ќе се одвива непречено и со физичко присуство“, велат од СДСМ.

„Дополнително, државата ќе продолжи да ја субвенционира сметката за електрична енергија од 80 отсто за 650.000 домаќинства, а над 70.000 компании и други правни субјекти ќе добиваат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската. Како одговорна, државотворна партија СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат помош за граѓаните и стопанството со цел полесно пребродување на последиците од светската економска и енергетска криза“, се потенцира во соопштението на владејачката партија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.