СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи постојано презема мерки и политики што обезбедуваат повисок животен стандард на граѓаните, вели СДСМ.

„И во време на криза, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно за глобалната криза, за поддршка на животниот стандард на граѓаните. За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари. На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари. Претходно ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога едвај изнесуваше 8.800 денари. Политиките на СДСМ придонесоа платите да растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните. Освен растот на платите, потврда за поддршката на стандардот на граѓаните е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите и кои веќе даваат резултат. СДСМ останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и државата. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани“,се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.