Царинската управа во објава на Фејсбук го појаснува начинот на користење на приоритетните ленти во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Поставената табла за користење на приоритетна лента во рамки на Отворен Балкан е наменета за: иматели на одобренија за Овластен Економски Оператор (ОЕО) од Република Македонија, Република Србија и Република Албанија, економски оператори (увозници, извозници, транспортери, шпедитери) од Македонија, Србија и Албанија кои учествуваат во меѓусебната трговијата, осносно учествуваат во увозните, извозните и транзитни постапки помеѓу трите земји, како и за зелени коридори за стока од ЦЕФТА приоритетната листа.

 

Приоритетен премин на возилата што пренесуваат овој вид на стока се обезбедува со обележување во возилото, во зависност од категоријата која се применува – укажуваат од Царината.

Ознаките можат да се преземат на следниот линк:

https://customs.gov.mk/…/3268-nachin-na-koristenje-na…

На 19. месецов, на граничниот премин Табановце, на влез во Македонија, Царинската управа на Македонија ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.

Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли.

Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.