Само во Македонија пат од неколку километри се прави цели три години. Вакви се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи на автопатот кај Катланово кој се реконстурира веќе неколку години.
Средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми неодамна потврди договорот со компанијата „Бетон“ е раскинат.
На оваа тема, вчера во негов стил, на социјалните мрежи пишуваше и актерот Сашко Коцев.
Да се збереме утре да ги направиме овие 2 км автопат Петровец-Катланово? (4 години минаха), напиша тој на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.