Рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш од вторник повторно почнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција.
Во соопштението од овие компании, се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим.
Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги почнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите – стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.
Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.