Регулаторната комисија за енергетика вечерва ќе објави нова цена на горивата, потврдуваат извори од таму.
До овој момент не може да се добие официјални информација дали корекцијата ќе донесе пониски или повисоки цени кои ќе почнат да се применуваат од полноќ иако нашите извори велат дека е извесно дека и вечер ќе има зголемување на цените.

Регулаторната комисија за енергетика вчера го измени правилникот и сега има можност секој ден да ги менува цените на нафтените деривати.

Во моментов имаме историски најскапи бензини и дизел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.